Prada Linea Rossa е колекција на очила која произлегува од најнапредните технолошки истражувања во комбинација со активниот дизајн. Двата модела SPS03X и SPS02X, се создадени користејќи засебни техники на производство. SPS03X се одликува со динамичен дизајн кој се обвива околу очите и се направени од ултра лесна најлонска рамка на која има црвена лента како препознатлив детал. Наменет за поригорозни активности, SPS03X има и гумени влошки во внатрешноста за да се обезбеди удобно вклопување на своето место. За разлика од SPS03X моделот, SPS02X, има суштински, но динамичен дизајн.

Prada Linea Rossa исто така се направени со разновидна поларизирана, повеќеслојна и хидролеофобична леќа за да му овозможат на носителот врвна заштита во каква било состојба независно од интензитетот на светлината или влажноста. Обичните хидрофобни леќи, тука се заменети со хидролеофобични, поради тоа што оваа технологија има карактеристика да одбива влага, маснотии и нечистотија, додека дозволува водата да се слева што е неопходно за морнарите од тимот на Luna Rossa Prada Pirelli па и за другите кои го сакаат едрењето, морето, океанот.