Вистинска фама се крена изминатиов период околу ставовите на некои холивудски ѕвезди, а последен во низата кој се најде во фокусот на јавноста е актерот Џејк Гиленхал. И покрај својот атрактивен изглед, сепак зад неговата насмевка и сините очи се крие минимална лична хигиена, барем кога станува збор за туширање и капење.
Во неодамнешното интервју за Vanity Fair, Гиленхал го истакна следново: „Се повеќе и повеќе сметам дека капењето е се помалку потребно“. Ако ништо друго, барем потврди дека ги мие своите заби редовно и има добри навики, но затоа пак посочи и дека „постои цел свет на некапење што исто така е добро за одржување на вашата кожа и ние природно се чистиме самите“. Се што е претерување, секако, не е добредојдено, но сепак да некапењето редовно е навистина чудно и бизарно за многумина во денешно време. Но, Гиленхал не е единствениот кој практикува вакво нешто.
Ново движење
Следен на оваа листа е Бред Пит. Холивудскиот секс симбол и миленикот на понежниот пол. Атрактивниот актер јасно ја искажа својата аверзија кон сапунот и водата. Кога станува збор за хигиената, тој користи влажни марамчиња за да се забрише под пазувите. Очигледно, виновни за ова се недостатокот на време и големото потомство кое го има и на кое треба да му обрне внимание. Ештон Качер и Мила Кунис исто така се придружија на ова анти-капачко движење, признавајќи дека ретко се тушираат. И Кристен Бел и Дакс Шеперд се согласни – „Не треба да се ослободувате од сите природни масла на вашата кожа со сапун секој ден“, изјави Шепард.
„Некои познати лица не сакаат да ги мијат своите тела секој ден со сапун, со оглед на тоа дека ги отстранува природните масла од кожата. Некои тоа не го гледаат како неопходно. Јас се сложувам со тоа, не е неопходно да се капете или туширате на дневно ниво бидејќи нашето тело се чисти само“, вели доктор Елизабет Муланс, дерматолог.
„Кожата поседува природна бариера составена од масла и задржува корисни бактерии и други микроорганизми. Ова може да се наруши со подолго туширање со жешка вода, како и екстензивно користење на сапун и триење“, вели доктор Џереми Брауер, клинички професор на Ronald O. Perlman одделот за Дерматологија на Њујорк Универзитетот.
Дали е правилно или не?
Сето ова отвора нови прашања: Дали правиме нешто погрешно? Сите ние имаме строги навики согласно модерниот начин на живот кога станува збор за хигиената. Начин на живот кој веќе прераснува во ритуал, бидејќи ретко кој од нас може да поднесе да биде нечист во согласност со „правилата“ на модерниот живот.
„Препорачувам капење еднаш дневно за просечен возрасен човек, додека оние кои имаат чувствителна кожа треба да се капат само секој втор ден со цел да спречат сушење. Луѓето можат да се тушираат и повеќе од еднаш дневно ако се валкани од надворешни активности, вежбање или препотување“, вели доктор Линдзи Забритски, дематолог.
Капењето е личен ритуал и за тоа нема простор за дебата. Биологијата и рутината на секој човек поединечно се разликува, што значи дека ниту еден човек не се тушира на истиот начин, ниту треба да прави такво нешто.
„Секое туширање е мошне варијабилно и зависи од вашиот индивидуален животен стил и дневни активности. Станува збор повеќе од фрекфентност, туку и траење, температура, производи кои се користат и каде се нанесуваат“, вели доктор Брауер.
Познатите го имаат луксузот да си дозволат да не се капат
„Како што славните личности излегоа во јавноста и открија дека не се тушираат така редовно, се отвори дискурс за тоа како на хигиената се гледа на различен начин за секого“, вели доктор Муланс. Без разлика дали станува збор за функционална поделба помеѓу работа од дома и физичка работа или класна поделба помеѓу работници и фантастично богати познати личности, концептот да не се бањате редовно добива различни нијанси на значење кога го применувате на различни групи. И не може да се заобиколи фактот дека групите кои веќе го имаат горната социоекономска статус се оние што можат полесно да се ослободат од воздржување од сапун некое време.
Поедноставено – Бред Пит, Џејк Гиленхал, Метју Мекохани и останатите можат да си дозволат да прескокнат туширање и капење бидејќи го имаат луксузот за такво нешто. Тие не се под лупата на јавноста, како што би биле луѓето од работничката класа.