Еспадрили. Обични памучни обувки по потекло од Шпанија кои се идеални за летните денови и совршено удобни за секој ден. Но покрај нивната едноставност, европската шармантност која ја носат овие обувки може лесно да исчезне доколку не ја погодите формата или доколку не ги искомбинирате убаво. Еве избор од неколку машки еспадрили од различни материјали, форми и тонови, ако сте во потрага по совршен пар.
Castañer Pablo Canvas Добро познато име во светот на еспадрилите со долга историја во Шпанија. Лесен и современ класик, омилен бренд кој доаѓа во едноставна боја која лесно може да се искомбинира.
Gucci Matador Horsebit Leather-Trimmed Suede Оваа летна верзија на познатата Horsebit линија, која доаѓа во кафена боја со златна тока која им дава контраст одлично одговараат во смарт-кежуал комбинација, но исто така би биле соодветни и за на плажа.
Saint Laurent Logo-Embroidered Овие еспадрили и додаваат на едноставноста една разиграна нота, натпис од страните. Класични но сепак тренди.
RRL Leather Кожните еспадрили додаваат стил на класичните памучни. Изработени во Шпанија, овие не-бели еспадрили можат убаво да се искомбинираат во повеќе комбинации и ситуации. Викенд или бранч со пријателите е совршено место за овј пар обувки.