Американската Агенција за лекови, ФДА ја одобри првата фаза од клиничките испитувања за вакцината против COVID-19 на „Бритиш Американ Тобако“ кај возрасни волонтери. Вакцината е создадена со иновативна растителна технологија за забрзан раст на листови од тутун. Голема предност кај оваа вакцина е стабилноста на собна температура.

Подружницата за биотехнологија на БАТ во САД, Кентаки биопроцесирање (КБП), објави дека планира да ја започне првата фаза со човечки испитувања на нејзината вакцина за COVID-19. Соопштението дојде по добивање на одобрение од Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) за истражување на употребата на потенцијален нов лек. Испитувањата се очекува да започнат наскоро.

Вакцината на БАТ за COVID-19 (KBP-COVID-19; NCT04473690) станува дел од групата на потенцијални вакцини кои напредувале од фазата на предклиничко испитување. Испитувањето на оваа вакцина ќе вклучува 180 здрави волонтери кои ќе бидат поделени во две возрасни групи, на возраст од 18 до 49 години и на возраст од 50 до 70 години.

Дополнително, секоја група ќе биде поделена на групи за третман со ниски и високи дози на вакцини. Резултатите се очекуваат во средината на 2021 година и тие, во случај на позитивни резултати, ќе овозможат вакцината да влезе во испитување во втората фаза.

Вакцината на KBP е развиена со употреба на иновативна технологија на растенија за брзо растење. Овој уникатен пристап има голем број можни предности, вклучително и брзо производство на активните состојки на вакцината за околу 6 недели, во споредба со користењето на конвенционални методи за кои се потребни неколку месеци.

Вакцината има потенцијал да биде стабилна на собна температура, што би била голема предност за јавните здравствени мрежи ширум светот. Доколку е успешна, брзината на производство на активните состојки може да го намали времето помеѓу идентификација на нови вируси и развој и администрација на вакцини.

KBP исто така неодамна го заврши уписот во прва фаза од клиничкото испитување на неговиот четиривалентен (четири видови) кандидат за вакцина против грип (KBP-V001; NCT04439695), која ја користи истата растителна технолошка платформа – nicotiana benthamiana.

Д-р Дејвид О’ Рајли, директор за научно истражување на БАТ, рече:
„Транзицијата кон испитувања со луѓе и со нашите кандидати за вакцини, против КОВИД-19 и против сезонски грип, претставува значајна пресвртница и ги одразува нашите значајни напори да го забрзаме развојот на нашето биолошко портфолио. Нашата единствена технологија за вакцини заснована на растенија, која делува како брз, ефикасен домаќин за производство на антигени за разни болести, е темелот на овој напредок и во моментов реагира на итната глобална потреба за безбедни и ефективни третмани и вакцини. Ова е дел од нашата постојана посветеност кон иновациите и науката како основа на нашиот бизнис. Како компанија посветена на градење подобра иднина (подобро утре), горди сме што имаме улога во глобалната борба против овој вирус и се надеваме дека можеме да придонесеме за решение“.

вакцина