Премиерата на Maserati MC20 е закажана за 9-ти Септември, а тизер кампањата за истиот не стивнува. Најновото видео претставува краток поглед на спортскиот автомобил во Венеција и притоа се нагласуваат некои делови од возилото.

Познато е дека автомобилот ќе биде погонуван со новиот битурбо 3.0-литарски V6 мотор на Maserati наречен Nettuno, со 630 КС и 730 Nm максимален вртежен момент. Интересно е тоа што овој мотор поддржува и хибридизација, така што електрифицирана варијанта на MC20 се очекува да пристигне наскоро по премиерата. Погледнете и прочитајте повеќе на avtoplus.mk.