Веќе 10 години како германскиот производител успешно ја произведува Panamera на автомобилскиот пазар. За таа цел, од компанијата решија да го прослават јубилејот со специјално издание на спортскиот седан.
Прославата е во деталите достапни кај Panamera 4 и Panamera 4 E-Hybrid, како и кај Sport Turismo, пакетот по повод 10 годишнината вклучува естетски надградби. Такви се бело-златните бандажи со сатенски финиш како и изгравираното лого Panamera 10 на предните врати.
Што се однесува до ентериерот, бело-златните рабови одлично се инкорпорирани во црните кожни седишта, додека црвените светла во кабината даваат фантастично чувство на луксуз, модерно живеење, добра забава.
Моделите во продажба се очекува да бидат во првата половина на 2020.