Porsche 911 e еден од најлегендарните автомобили некогаш произведени, а и покрај тоа што индустријата се насочува кон електрификацијата, се очекува возилото да биде актуелно уште некое време. Со оглед на тоа, уметниците Хусаин Алмосави и Марин Мифтиу заедно направија потфат со окој се обидоа да замислат како ќе изгледа еден нов спортски автомобил инспириран од 911. Наречен Porsche 411, концептниот автомобил презема некои визуелни точки од автомобилите од 50-тите и 60-тите години на минатиот век.

Porsche 411

На предниот дел се наоѓаат две вертикално позиционирани светла кои се инкорпорирани беспрекорно во сводовите на тркалата. Аеродинамиката исто така игра клучна улога во дизајнот на концептот 411. Ова е особено забележително поради големите тунели кои го канализираат воздухот од предниот дел околу патничката кабина.

Иако дизајнот е значителен исчекор во однос на 911 кој го знаеме денеска или актуелниот дизајнерски јазик на Porsche, сепак концептот се држи до идејата за ефикасен стајлинг наместо шарм. Концептот 411 е „мазен“ суперавтомобил, дизајниран за една амбициозна иднина каде што брзината од 400-тини километри на час би била сосема нормална.

Porsche 411

Слична е приказната и на задниот дел каде се наоѓа подесувачко крило и дифузер со „отворен“ дизајн. Задните светла користат „бесконечно“ огледало со цел да се создаде ефект дека LED светлата се протегаат внатре во автомобилот.

Ентериерот на Porsche 411 го следи дизајнот на надворешноста. Најзабележително е што предните седишта се претопуваат едно во друго додека возачот пред себе има бел и розево златен управувач и бројки кои се одлично инкорпорирани во контролната табла.

Porsche 411Алмосави и Мифтиу го замислуваат автомобилот со целосно електричен погон и напреден автономен систем на возење.