TAG Heuer и Porsche го прошируваат своето партнерство со соработката за создавање на нов часовник. Првиот хронограф кој пристигнува од оваа алијанса е TAG Heuer Carrera Porsche Chronograph, а притоа најавуваат дека во следниот период ќе имаат уште заеднички проекти.

Естетските елементи од Porsche се видливи на прв поглед, почнувајќи од црвената, црната и сива бојна шема, изгравираниот Porsche брендинг на црниот керамички безел од тахметарот, како и дизајнот на навивачкиот ротор во стил на трикраките управувачи на Porsche автомобилите.

TAG Heuer Carrera Porsche Chronograph користи Calibre Heuer 02 напојување кое има до 80-часовна резерва на моќност. Куќиштето е 44 милиметри широко, а лицето има текстуриранa облога со „асфалтен“ ефект кој потсетува на површината на патиштата. Бројките го користат истиот дизајн кој што може да се најде на централната конзола на возилата на Porsche, а тука е и Super-LumiNova облогата за оптимална прегледност при ниска осветленост.

TAG Heuer Porsche

Трите подинструменти на часовникот се поставени на позицијата на три, шест и девет часот и тие ги претставуваат минутите, секундите и часовите. Поставен е и мал дисплеј за датумите на позицијата од шест часот. Од друга страна, на задниот дел куќиштето е проѕирно што овозможува увид во движењето и механизмот на автоматско навивање.

Цената на TAG Нeuer Carrera Porsche Chronograph со метално ремче изнесува 6.050 долари, додека на моделот со кожно ремче цената е 5.850 долари.