Серијата од осум стилови инспирирана од иконскиот Porsche 911 Turbo, конечно е претставена. Колекцијата носи елементи на 911 Turbo, како бои, неговото иконско задно крило, детали и линии на каросеријата. За соработката, PUMA избра две свои „силуети“ или модели и тоа Future Rider инспириран од 1970-тите и Speedcat инспириран од мотоспортот.

Нијансите на обувките се оригинални за возилата на Porsche, Riviera Blue, Guards Red, Saffron Yellow Metallic и GT Silver Metallic. Оваа колекција ќе биде произведена во само 500 примероци. Типот 930 3.3 L Future Rider се осврнува на Porsche 930, кој воедно беше и најбрзиот производствен автомобил достапен во Германија кога беше претставен во 1975 година. Овие патики доаѓаат со црвен текстилен дел, детали од црн велур и брановиден ѓон.

Type 964 Future Rider претставува една од највлијателните генерации на 911 Turbo и една од најпопуларните нијанси од тој период: Mint Green. Овие пак патики со бел текстилен горен дел, имаат Mint Green кожен детал, лента од велур. Да не должиме повеќе. Погледнете ги патиките и одберете го вашиот модел.