Сигурно се прашувате колку автомобили може да издржи инфраструктурата на патиштата без да се промени. Јавниот превоз во многу градови работи со полн капацитет. Производителот на автомобили Porsche и корпорацијата Boeing веруваат дека пронашле решение- летечки автомобили. Проектот „Третата димензија на патувањето“ ќе биде подготвена за полетување следната деценија. Во октомври минатата година двете компании потпишаа меморандум кој опфаќа изградба на луксузни, електрични возила со вертикално полетување и слетување (VTOL).

„Третата димензија на патувањето“

Според студијата на Porsche Consulting, комерцијалните патнички беспилотни летала би стапиле во употреба околу 2025 година, додека околу 23.000 воздушни возила би функционирале до 2035 година. Истата студија вели дека урбаниот пазар на воздушна мобилност ќе забрза по 2025 година. Двете компании ќе состават меѓународен тим за решавање на различни аспекти на воздушната мобилност, вклучително и анализа на пазарниот потенцијал.