Porsche Design ги претстави двата нови електрични велосипеди инспирирани од Taycan Cross Turismo наречени eBike Sport и eBike Cross. Новиот eBike Sport го карактеризира елегантно тело во бела боја, со Shimano EP8 мотор кој може да ја зголеми брзината до 24 километри на час. Тука е и Shimano електричниот менувач на брзини кој ќе овозможи непречено возење.

За разлика од овој велосипед eBike Cross доаѓа во црна боја и е опремен за справување со нерамните планински терени. Исто така и овој електричен велосипед доаѓа со Shimano напојување со таа разлика што тука може да се најдат и неколку дополнителни карактеристики кои одговараат на неговата природа. Како дополнување тука се високо перформансните MT Trail сопирачни, карбон рамка со целосна суспензија, Shimano XT 12-fold менувачки систем и Crankbrothers Highline систем за седиште. Porsche Design ги објави и цените на овие велосипеди од 8.549 до 10.700 американски долари, а истите се и веќе достапни за купување на нивната веб страна.