Porsche Design со својата сопствена програма Build Your Own Watch го крева своето искуство во создавање на часовници на следно ниво. Инаку компанијата нуди целосен процес на прилагодување на часовниците со што се овозможуваат 1,5 милиони различни комбинации.

Сега љубителите на часовници и автомобили ќе можат да го градат својот часовник од почеток , со надеж дека ќе им овозможат на 911 сопственици да создадат часовници што одговараат со нивните автомобили.

Porsche Design

„Ниту еден друг производител на автомобили или бренд за часовници во моментов не нуди програма од ваков вид. Боите, видовите кожа и украсувањето на овие хронограми потекнуваат од автомобилското производство “, вели Јан Бекер, извршен директор на групата Porsche Design.

Новата програма веќе совршено функционира во Германија. Брендот лансирањето на оваа програма за САД и Велика Британија го најави за септември месец оваа година.