И покрај тоа Porsche е далеку попознат по своите иконски и врвни автомобили, Фердинанд Александар Порше во 1972 година ја формираше Porsche Design Company, која во текот на своето постоење креираше голем број на елитни и луксузни предмети, од скии, преку часовници, па се до очила за сонце. Со дизајнерска филозофија која ја оптимизира функционалноста, германскиот луксузен бренд повторно ја потврдува својата репутација. Сега, Porsche Design повторно ја спои функционалноста со врвниот стил со лансирањето на новите PDT60 бежични слушалки.

При дизајнирањето на PDT60 слушалките, Porsche Design имаше за цел да диазјнира слушалки кои се одликуваат со минималистички изглед со максималистички карактеристики. И успеа во тоа. PDT60 се одликуваат со елегантен, современ дизајн благодарение на алуминиумската конструкција. Слушаките се одликуваат со ергономска форма за уште поголема удобност.

Обложени со алуминиум, слушалките нудат елегантна и минималистичка естетика за возвишено слушање на музика. Уредот се одликува со опционален активно поништување на шумот кој го филтрира амбиенталниот и позадинскиот шум, електронско поништување на бучавата, вграден IR сензор и водоотпорност до IPX5. Кога станува збор за батеријата, истата може да издржи до пет часа активно користење. Дополнително, лесните слушалки пристигнуваат со флексибилни врвови за ушите за да обезбедат максимално вклопување и удобност кај корисниците.

Слушалките PDT60 пристигнуваат во алуминиумска и кожна футрола за полнење која содржи уште дополнителни 15 часа време за активно користење.

Со цена од 299 долари, PDT60 слушалките се веќе достапни за нарачка преку официјалниот веб-сајт на Porsche Design.