Сексот на плажа звучи неверојатно жешко исполнување на сите фантазии, но во реалноста крајниот резултат е песок насекаде, исклучителна неудобност и ѓубре кое океанските води го исфрлаат на површината.
Тоа можеби ги нарушува вашите фантазии, но последната кампања на Pornhub има високи очекувања дека нивните корисници се толку многу возбудени, што нема да им пречи да гледаат сексуален акт на двајца млади на една од најзагадените плажи во светот.
Видеото го носи името Dirtiest Porn Ever (Највалканиот порно филм досега) и станува збор за аматерски филм за возрасни снимен на грозна и исклучително загадена плажа.
Целта на кампањата е да се подигне свеста за загадувањето на океаните, но и да се поттикнат луѓето на директна акција – секој пат кога некој ќе го погледне видеото, Pornhub прави донација до Ocean Polymers, непрофитна организација за заштита на животната средина чија цел е отстранување на пластиката од океаните.
Па ако понекогаш чувствувате вина за животната средина и сте воедно еден од од 40-те милиони секојдневни корисници на Pornhub, не е лошо да го погледнете видеото.