Компанијата Marvel на Comic-Con International изјави дека во следните 3 години следат голем број на нови филмови. Меѓу насловите кои беа претставени најголемо внимание привлече Blade.
Претседателот на Marvel Studios, Кевин Фејџ изјави дека оскаровецот Махершала Али ќе го глуми суперхеројот Blade во претстојниот Марвел филм. Весли Снајпс е актерот кој го глумеше овој стрип јунак во 1998 година. Според Фејџ, овој лик ќе го вратат на големото платно со цел да ја прошират суперхеројската екипа која ја создаваат последниве 10 години.