Пол Дано ќе ја толкува улогата на The Riddler во новиот Бетмен. Режијата на филмот ја потпишува режисерот Мет Ривс, а веќе е познато дека улогата на Бетмен ќе му припадне на Роберт Патинсон. Покрај Патинсон и Дано како Catwomen ќе се појави Зои Кравиц.
Дано е талентиран актер познат по улогите во Escape at Dannemora и There will be blood. Актерот ќе влезе во чевлите на Френк Горшин и Џон Астин кои веќе го играа The Riddler во ТВ серијата во 60-те.
Низ холивудските кругови се зборува дека улогата на Пингвинот која претходно ја толкуваше Дени ДеВито ќе му припадне на Џона Хил.
Според Warner Bros. The Batman ќе ја доживее својата премиера на 25-ти јуни 2021.