Станува збор за пржени јајца од соништата – појадок кој секој маж треба да знае да го подготвува од една едноставна причина: Заедно со топло кафе, претставува одличен начин да ја разбудите девојката наредното утро.

Да почнеме од почеток, јајцата се одлични за појадок. Имаат многу протеини, малку калории и многу витамини и минерали. Веројатно сте ги пробале на сите можни начини, но најбезбедни за подготовка се во форма на кајгана. За среќа, рецептот за нивна подготовка е едноставен, се додека се придржувате до неколку правила.

појадок
Користете добри јајца: Оние чија жолчка потсетува на изгрејсонце се полн погодок
појадок 2
Користете добар путер: Богат и кремав со поинтензивна жолта боја како летна пченка.
Намалете ја температурата: Кога ги готвите јајцата на висока температура, завршувате побргу, но ги губат природните вкусови и сочноста.
Не ги мешајте: Се мисли на претходно. Скршете ги јајцата директно во тавата, откако претходно ќе го стопите путерот. Почекајте белките да се зготват, а потоа со дрвена лажица измешајте ги жолчките. Мешајте повремено, но не агресивно.
Додадете само малку сол и лут сос: Но исклучиво откако ќе ги префрлите во чинија за сервирање.