Зголемете ја дигестијата и растот на мускулната маса со овој појадок, само од првата голтка. Појадокот е всушност смуди, кое во себе ги содржи сите хранливи материи, влакна, протеини, витамини и минерали кои ви се потребни да го издржите напорниот ден, без притоа да губите енергија. Најголемата придобивка – добивате на мускулна маса. 

Мед за енергија: Медот е добар за регулирање на инсулинот кој ги претвора калориите во мускули. Освен тоа, ги регулира бактериите во стомакот. Доволна е една лажица.

Хранливи влакна за согорување масти: Едно јаболко во денот ги чува подалеку од вас мастите кои се таложат околу стомакот. 

Ѓумбир за стомак: Поточно, за подобро варење, бидејќи ѓумбирот има антивоспалително дејство и го штити стомакот од процесираната храна. Една лажичка, рендан.

Сок од зелен лимон: Исцедете два зелени лимони во комбинацијата и ќе го подобрите варењето. Зелениот лимон ја контролира алкалноста на крвта, витална карактеристика за раст на мускулите.

Шумско овошје против калории: Влакната во шумското овошје како што е боровницата го намалуваат складирањето на масното ткиво. 

Тајната состојка: Кефирот, ферментиран млечен производ, пробиотик кој ги регулира калориите во стомакот и ги претвора во гориво за мускулите. 

Ставете ги сите состојки во блендер, додадете неколку коцки мраз и една банана за густина и уживајте во вкусниот оброк.