Иновациите и идеите ја движат мобилноста а на јапонците не им недостасува ниту идеја ниту иновативност. Откако го промовираше првиот прототип оваа пролет, Универзитетот во Токио сега претставува нова верзија на концептот Poimo (POrtable and Inflatable MObility), електричен скутер на надувување.

Целта на проектот е создавање на лесно пренослив уред за употреба. Poimo е плод на Универзитетот во Токио и одделот за истражување и развој на стартапи, Mercari (Mercari R4D), и развој на таканаречена „мека мобилност“, со меки, лесни, лесно преносливи уреди од кои некои може да се носат и во ранец.

Покрај заштедата на простор тука е и различната каросерија каде секој корисник може да најде решение за мобилност што одговара на нивните потреби, големината на телото и нивната позиција на возење. Овој нов прототип беше претставен на UIST 2020 минатата недела.