Најновата колекција на Versace Homeware е софистицирано исполнета со идентитетот на познатиот италијански бренд. Контраст, живописни бои, храбри хром нијанси, добар начин за внес на забава во вашиот дом. За оваа сезона, Versace Homeware колекцијата има четири линии и тоа: Virtus Gala, Barocco Mosaic, Medusa Lumiere 2nd Edition и Greca. Направени со висококвалитетни материјали, загарантирани со 140 годишна Rosenthal слава, овие извонредни парчиња би можеле да станат вашите нови омилени декорации и садови.
Virtus Gala Оваа колекција која е поставена во соработка на Rosenthal се состои од сервис за јадење кое претставува естетско спојување на класичните нијанси на црна, бела и златна боја, печат на куќата. Инспирирана е од неверојатните вечерни фустани на брендот, како и од колекцијата на стилски чанти Virtus. Целата колекција се состои од чинии, чаши, филџани за еспресо и други производи за сервирање.
Barocco Mosaic За оваа колекција се користени четири отпечатоци на брендот во живописна шара во која се инкорпорирани пастелни виолетови, мента тонови. Инспирацијата за оваа колекција доаѓа од колекцијата Versace Flash 2021, која го претставува младиот и бунтовен дух. Колекцијата нуди чинии за разни јадења, гилџани, чајници, свеќници.
Medusa Lumiere 2nd Edition Издание која заживува во нијанси на интересна тиркизна и нане зелена боја. Акцентот е ставен на скулптурите на Медуза, а колекцијата нуди чаши за различни видови на пијалоци.
Greca За совршен изглед на масата тука е и новата колекција на прибор за јадење. Материјалот користен за изработка на овој прибор е нерѓосувачки челик, а симболот на куќата и тука е присутен.