Денес во 21 часот во МКЦ имате прилика да чуете музика во живо или да погледнете документарна претстава. Avadarxi Quartet ќе имаат концертна промоција на албумот „(Waiting at the) Turnstiles“. Aлбумот „(Waiting at the) Turnstiles“ претставува запис на еден спонтан композиторско-импровизаторски процес, кој звучно се наоѓа на тромеѓето на креативниот џез, современата класична музика и амбиенталната бучава. Албумот е достапен за преслушување и купување преку Bandcamp платформата на King Gong, oд 1 март.

Доколку се одлучите за документарната претстава, денес на репертоарот на МКЦ од 21 часот ќе игра претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“. Документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање.

Билети можете да купите на bileti.mkc.mk