Бидејќи социјалното дистанцирање е најдобар начин за борба против коронавирусот сите кина се затворени. Целата забавна индустрија требаше да направи големи промени во премиерите на новите филмови, а филмовите коишто ги доживеаја своите премиери напосредно пред затварањето на кината…
Некои продукции решија да ги одложат своите премиери додека пак Universal, Sony и Warner Bros. одлучија да овозможат гледање на нивните филмови од дома. Еве кои нови филмови можете да ги гледате од дома и каде можете да ги гледате.
Birds of Prey- Сега можете да ја гледате приказната за еманципацијата на Харли Квин дома. Филмот имаше своја премиера пред 7 недели.
Bloodshot- Најновиот акционен филм на Вин Дизел сега е достапен за гледање од дома. За жал, филмот имаше само еден викенд на прикажување пред да се затворат кината.
The Gentlemen- Интересен филм со многу познати актери: Метју Меконахи, Колин Фарел, Хју Грант…
The Hunt- Контроверзниот филм чија премиера првично беше најавена за 27-ми септември 2019 година, не се појави до 13-ти март 2020 во кината. Universal одлучи да го објави филмот на платформи за стриминг и во моментов е достапен за изнајмување.
The Invisible Man- Иако поради неодамнешните настани не би помислиле на хорор филм, на љубителите на овој жанр им треба освежување.
Onward- овој филм за најмладите е достапен на различни стриминг платформи.