Дарувањето и праќањето на чоколаден подарок стана пракса и кај нас во последно време. Ова дава можност да му покажете на некого дека го сакате и почитувате. Овие Велигденски јајца кои ќе ги споменеме сега се навистина за воодушевување.

Hotel Chocolat- најлуксузното и најголемото чоколадно јајце. Ова чоколадо доаѓа во пакување од еден килограм во прекрасна кутија со разни други чоколадни додатоци.

Melt acorn- ова јајце кое се прави на лице место е комбинација на млечно чоколадо и 70 чоколадо со 70 проценти какао, зачинето со комбинација на бадем и кора од портокал, ммм, и не само тоа оваа компанија скоро една деценија не користи пластика за една употреба, па нели ова е за почит.

Fortnum & Mason piedmont hazelnut & blonde Easter egg- направено од таканареченото blonde chocolate или карамелизирано бело чоколадо и PGI сертифицирани лешници од Пимонт е ѕвезда на компанијата.

Venchi dark chocolate chocaviar Easter egg- отворете го ова јајце од cuor di cacao темно чоколадо и внатре ќе најдете гранули кои едноставно се топат во уста.

Harrods cocoa-dusted almonds Easter egg- направено од страна на белгиските мајстори за чоколадо, со кремава школка од млечно чоколадо кое обвиваат бадеми обложени со најфиниот како прав.

Betty’s spring bloom Easter egg- преубаво за да биде изедено, направено од 88 процентно бело чоколадо. Мислам вреди да се нарачаат и пробаат.