Програмата на Nike, EYBL која е кратенка од „elite youth basketball league“ продолжува со реализација оваа година. Па покрај многуте имиња кои беа потпишани на колоритните модели за EYBL сега на ред е Kobe 6 Protro EYBL со потпис на Коби Брајант. Овие патики доаѓаат со лушпест горен дел во виолетова боја со градиент. Од логоата може да се види бело „Swoosh“ кое е препознатливо за Nike и логото Kobe Kill Bill кое се наоѓа на јазикот на патиката. Патиките се дизајнирани да дадат соодветна потпора, амортизација и удобност на терен. Додека сребрената попрскана боја додава на дизајнот. Повеќе детали се очекуваат да бидат објавени наскоро бидејќи летната сезона во лигата се приближува.