Барате совршен рецепт, или нова комбинација на вкус која ги задоволува вашите сетилата? Полека прехрамбената индустрија ја прифаќа вештачката интелигенција за подобро да се разбере динамиката на вкусот, аромата и другите фактори кои влегуваат во создавањето на прехранбениот производ.

Поради тоа на почетокот на годината IBM најави свое учество во прехрамбената индустрија и партнерство со компанијата McCormick, производител на зачини. Ова партнерство ја нагласува потребата на технологијата во оваа индустрија преку помагање во развој на нови производи, задоволување на потрошувачите и понуда на подобра исхрана и вкус.

Според Бернард Лахус, коосновач на Foodpairing, прехрамбените компании се повеќе и повеќе ја прифаќаат дигитализацијата, а неговата компанија развива дигитални мапи и алгоритми која препорачува комбинации на храна и пијалоци.

 

Компанијата Analytical Flavor Systems со седиште во Њу Јорк, користат AI за создавање на “gastrograph” за вкус, арома и текстура за да се предвидат преференците на потрошувачите на храна и прехранбени производи. Оваа платформа има за цел да им помогне на компаниите да создадат подобри, поконкретни и здрави производи за потрошувачите.

Како и во секој дел од нашето живеење така и во прехрамбената индустрија вештачката интелигенција е од суштинско значење бидејќи овозможува повеќе иновации.