Култните романи нa Анджеј Сапковски The Witcher добиваат сериска адаптација на Netflix, со датум на емитување 20 декември.
Според новата видео најава која осамна на YouTube, Netflix нè подготвува за The Witcher. Ова е втора најава за серијата, а истата претставува адаптација од култните романи на полскиот писател Анджеј Сапковски. Премирата е закажана на 20 декември и ќе се појави на Netflix.
Главната улога ќе ја толкува Хенри Кавил, а приказната е сторија за семејството и судбината. Дејството се случува на Континентот, а таму заедно живеат луѓе, џуџиња, елфови, гномови, вештерки и чудовишта кои се обидуваат да преживеат.
За љубителите на имагинацијата, ова е совршен начин како да ги поминете новогодишните празници. Запомнете, 20 декември, Netflix.