Матењето на гранули кафе со шеќер и вода прават многу убава пена која ја пиете кога ќе го направите вашето кафе. Но има многу повеќе работи што можете да ги направите со инстант кафе сем само КАФЕ. Од маринади до мразот се појавува, еве седум кул работи што можете да ги направите со оваа изненадувачки разноврсна состојка.

1. Маринада за месо- Едноставно измешајте ги омилените зачини како чили, црн пипер, ким и коријандер со малку кафе во прав, можете да направите и поголема количина која ќе ја складирате во тегла…за подоцна. Триењето на месото со зачини врз основа на кафе најдобро функционира со црвено месо како говедско, јагнешко, па дури и патка. Ќе се изненадите.

2. Сладолед од кафе- Измешајте неколку лажици инстант кафе со неколку лажици топла вода. Во сад додадете неутрална павлака за готвење (со млечни масти) додадете шеќер или мед и ставете го на оган да се затопли смесата притоа додавајќи го кафето. Добро измешајте и потоа префрлете ја смесата во модли за сладолед. Замрзнете и уживајте.

3. Направете гранола- Ако веќе правите домашна гранола направете верзија со кафе. Додајте неколку лажици кафе во смесата пред да ја печете. Вкусот на кафе прави неверојатна комбинација со брусница, пекани, лешници, бело чоколадо и секакви семиња. Можете исто така да посипете малку кафе во вашиот сад пред да ја сервирате гранболата.

4. Направете смути со кафе- Еве рецепт за енергичен утрински пијалок, банана, бадемово млеко или јогурт (зависи од расположението или тоа што имаме во моментов), путер од кикиритки, мед, какао во прав и гранули од инстант кафе во блендер. За неколку секунди, добивате вкуснен пијалак со вкус на кафе за добар почеток на денот.

5. За поубаво брауни- ако не сте знаеле но во браунито кафето го интензивира вкусот на какаото, па затоа дајте му „extra kick” на вашиот рецепт.

6. Додадете го во рецептот за чили- Додека некои рецепти сугерираат додавање на темно чоколадо во вашето чили, инстант кафето му дава побогат вкус на вашето чили.

7. Направете десерти од кафе- можете да направите желе од кафе, или едноставно мус од кафе. Многу едноставно изматете инстант кафе, со малку млеко, жолчки, шеќер и павлака за готвење на слаб оган додека не добиете изедначена благо пенаста структура. Алтернативно можете да направите колач од кафе за една минута во микро, за една доза (еден филџан) измешајте една лажица какао, две лажици шеќер, три лажици брашно, две лажици масло, на врв од лажичка пециво, три лажици масло и секако пола лажица кафе, ставете во микро 30-40 секунди или минута (зависи од филџанот и јачината на микрото). Откако ќе го извадите оставете го да се излади па провајте.