Маршал Хас ја формираше Peel, компанија за минималистички додатоци за паметни телефони во 2012 година, кој пред избивањето на пандемијата, сигурно немаше да се смета за „есенцијален“ бизнис. Сепак, како што коронавирусот „дивее“, Peel цвета поради бесконтактните алатки. Всушност, минатиот месец беше најдобриот во досегашната историја на компанијата, надминувајќи го и Black Friday од минатиот ноември. А овој успех не е и покрај коронавирусот, туку како директна последица од истиот.

Уште во март, Маршал Хас забележал интересна можност. Токму откако трансмисијата на болеста се кристализираше во голема закана која си „поигруваше“ со паметот на Американците, Хас и сите ние заедно почнавме да ја гледаме околината во поинакво светло – јавните површини кои некогаш не ги ни забележувавме како кваките, банкоматите, прекинувачите за светло, одеднаш делуваат како вистински опасни зони. Затоа Peel лансираше мала рачна алатка која изгледа како привезок. Наменета е да делува како бариера меѓу вашата рака и површините облеани со зараза, вируси и бактерии. Алатната е направена од антимикробска легура на цинк и бакар. Наречена е Keychain Touch Tool.

Хас навистина имаше среќа. Тој бил дел од бизнисот речиси една деценија, што значи дека имал пристап до индустриски дизајнери, конекции до производствени капацитети, како и разбирање за производствениот логистички ланец. Потребен му беше еден викенд за Keychain Touch Tool да се развие од идеа до прототип. Неколку дена подоцна првата пратка беше достапна за продажба и беше рекламирана на Инстаграм. Бесконтактните алатки станаа инстант хит.

Од медицинска неопходност до моден додаток

На ист начин како што маските еволуираа од медицинска неопходност до моден додаток и политички белег, така и алатката за бесконтактност се означува како најнов дел од коронавирус додатоците, практичен предмет кој без дилеми ќе добие статусен симбол кој ги рефлектира личните вкусови.

„Добивме голем број поракои од сите видови на различни компании кои се заинтересирани за соработка. Не сакам да ги именувам, но тука има и компании кои се занимаваат со хотели и недвижнини, како и модни компании“, вели Хас.

Исто како и маските, така и бесконтактните алатки станаа хит на онлјан платформите за продажба. Иако овој производ е во целосна нова категорија, сепак забележа експлозивен раст. Меѓу 1 март и 25 април, сајтовите за онлајн продажба заблежаа зголемен раст на побарувачка на „отварачи за врати“. Дури и кога на Google ќе се обидете да најдете бесконтактни алати, ќе бидете бомбардирани од реклами. Наместо облеката и патиките, сега тука се фотографии како KeySmart Clean Key, COVID Key и слично. И можете да се обложите дека овие работи наскоро ќе станат неизоставен дел од модата. Кога веќе никој не сака да купува скапа дизајнерска облека за да ја носи по дома, можеби ќе сакаат да купат алатка за нивните патувања до маркетите. А ако тие алатки имаат и дизајнерски потпис, уште подобро.

Компаниите бараат начин за соработка

Всушност, првата соработка веќе е направена. Pleasures, компанија базирана во Лос Анџелес, штотуку го лансираше својот Hygiene Multi-Tool with SafeTouch достапен за 28 долари. Алатката на Pleasures на себе ги поседува мотивите на брендот. „Дизајнот сам по себе е уникатен. Не сакавме да го промениме тоа, само сакавме да додадеме наш допир. Нашите мотиви ги аплицираме на сите производи од 2016 година. Резултатот е навистина кул“, велат од компанијата.

Како и другите компании, Pleasures сега е во пост-коронавирус ерата, а ќе лансираат и маска и средство за дезинфекција. „Маските се начин на живот кој оди напред. Туку така, стана сосема нормален додаток во секојдневниот живот“.

Продукти кои станаа хит поради пандемијата

„Covid-19 е одговорен за креаирање на нови категории на продукти кои немавме поим дека ни се потребни пред два месеци“, изјави Мајкл Фишер, потпретседателот на Fashion Snoops. „Имавме клиенти од целиот свет кои не прашуваа околу иднината на маските и ракавиците како задолжителни аксесоари за престојните сезони. Потребни беа само неколку недели да ги најдеме некои од нашите омилени брендови како Rowing Blazers и Magill во ЛА да започнат со производство на маски од остатокот ткаенини. Нивното производство не чини ништо, а маските се речиси распродадени во истиот момент. Мислам дека купувачите сфаќаат дека ова е нашето ново нормално секојдневи некое време и нема причина да не инкорпорирате малку личен стил во овие работи“.

Секако, додека маските се препорачани од страна на CDC, бесконтантките алатки не се. Но, како што карантинските мерки олабавуваат и на сите им е овозможено да излегуваат од своите домови, заразите ќе бидат нешто на што сите ќе размислуваат. „Овој вирус ќе креира сосема нова генерација на гермофоби што ќе биде нешто што досега не сме го виделе“, додава Фишер. „Дури и кога коронавирусот ќе го снема, мислам дека повеќето од нас ќе бидат свесни околу допирањето на површините во продавниците. Очекувам да видам долгорочен пефект кога станува збор за алатки како овие кои ни овозможуваат да живееме нормално без да се грижиме толку многу за бактериите и вирусите. Исто така, очекувам ова да биде најголемиот катализатор кон бесконтактното и безготовинско општество побрзо од што можевме да замислиме“.

Мода или реална потреба?

Сепак, ефективноста на овие алатки е тема на дебата. Според „New York Times“ и нивниот осврт, овие бесконтактни алатки може да претставуваат повеќе „хајп“ отколку помош. „Да, тие можат да служат како важни во тоа да ги заштитите вашите раце од допирање на заразни површини, а со тек на време вирусите не можат да опстојат на бакарната површина. Но, ако ја вратите алатката во џебот или чантата откако ќе ја искористите, се уште можете да бидете изложени на она што се обидувате да го избегнете“, пишува Ник Гај. „Не значи дека бакарот го убива новиот коронавирус при контактот, туку тоа значи дека неговата површина не е погодна за него“, притоа додавајќи дека најдобро е сепак да носите ракавици за еднократна употреба.

Веројатно појавата на сето ова е повеќе филозофска. Ако маските се нови алатки за изразување, тогаш овие додатоци можат да се гледаат како нешто поинакво. Нешто налик амајлија, бесконтактните алатки можат да „живеат“ во нашите џебови, што е совршено за нервозно да ги триеме со рацете како некој талисман, начин да се избориме со нервозата околу микробите и бактериите кои ги има на секоја површина. Тие се потсетник дека заразите се секаде околу нас.

Секој кој ја следи модата знае дека корисноста е само еден дел, често и најмал критериум за тоа зошто и што купуваме. Носењето патики ретко е поради вежбањето или трчањето, а почесто начин да се изразите себе си. А сега, оваа пролет, една од најважните работи што човек може да ја изрази за себе е дека е свесен за опасноста која тлее на секоја површина и дека тие преземаат претпазливост да се заштитат себе си и останатите од потенцијалните болести. А ако мислите дека луѓето не го следат одблиску вашето однесување, тогаш се лажете, поради што бесконтактните алатки би можеле да станат реалност.