Правилата што не треба да правите со исхраната се повеќе од јасни. Не треба да внесувате многу калории, не треба да внесувате многу шеќери. Не треба да јадете бидејќи сте под стрес ниту кога се чувствувате лошо. Постојат неколку кратки правила до кои е добро да почнете да се придржувате. Така ќе се храните здраво, правило и корисно и за вас и за организмот. 

Внесете зеленчук за појадок: 

Додадете боја на чинијата со некој вид зеленчук следниот пат кога ќе седнете да појадувате. Така ќе се храните поквалитетно бидејќи внесувате растителни влакна и антиоксиданси. Едноставно е: само додадете половина домат на омлетот. Во самиот омлет внесете малку спанаќ. На сендвичот додадете му авокадо. 

Внесете уште малку протеини во појадокот: 

Истражувањата покажуваат дека 30 гр протеини од еден оброк е доволно за да се чувствувате сити и да ја помогнете работата на мускулите. Со три јајца добивате 21 гр протеини. Додадете чаша јогурт или младо бело сирење за да ги зголемите протеините. 

Ограничете ги закуските:

Со некои видови храна многу е лесно да не си дозволите да се прејадете. Всушност, тие не ви го дозволуваат тоа. Маслинки, кисели краставички, тврдо варени јајца, јаболка. Ова е така бидејќи не се дехидрирани, соголени и спакувани во пластични кутии осиромашени со хранливи состојки. Кога веќе морате нешто да грицкате, нека биде нешто од ова. 

Јадете повеќе јаболка:

Едно јаболко содржи 4 грама растителни влакна, што е доволна количина да се чувствувате сити. Јаболката се одличен начин да проверите дали навистина сте гладни или само мозокот ви размислува во насока на храна.

Гответе со повеќе билки: 

Свежите билки ги согоруваат калориите и имаат одличен вкус. Освен тоа, богати се со антиоксиданси. Додадете свежо оригано на пицата, листови жалфија на шпагетите, коријандер на такото.

 

Нека биде луто:

Додавајте малку лута пиперка, чили во она што го готвите. 

Сол и зеленчук:

Не да претерувате со солта, но обидете се на следниов начин. Пропржете го зеленчукот во жежок путер додека да добие златеста нијанса, а потоа посолете. Вака ќе го внесете зеленчукот во исхраната и ќе се храните поздраво. 

Овошје како десерт:

Парчиња портокал, ананас, лубеница. За какво овошје и да се одлучите нека биде ладно. Така е повкусно, студено скоро како сладолед.

Одредете време:

Дали ќе биде тоа после 8, 9 или 10, ставете време, во колку часот ќе го изедете последното залче за денот. И држете се до тоа. Ова е добро и за вашето физичко и за менталното здравје.

Уживајте во храната:

Премногу диети создаваат одбивност кон храната и постојано чувство на глад. Уживајте во секој оброк од денот. Додека ги купувате намирниците, додека го подготвувате и особено додека јадете. Тргнете го погледот од телефонот, од телевизорот. Фокусирајте се на храната. И пијте многу вода.