Goodyear го претстави својот најнов изум, пневматикот на иднината AERO кој е наменет за автономните возила. Намената на овој пневматик покрај возење е и летање бидејќи е во форма на пропелер.

Концептот AERO вклучува голем број на иновативни карактеристики, мултимодуларен ротор, не-пневматска конструкција, магнетен погон, оптички сензори и вештачка интелегенција која преку A.I. процесор ќе ги комбинира информациите од сензорите на пневматиците со податоците од комуникацијата на возилата и сообраќајната инфраструктура. Оваа уникатна безвоздушна гума е доволно флексибилна за да ги ублажи ударите при возење.