Заборавете на бунгаловите над вода… Пловечките хотели или „флотели” (floatels) се најновиот иновативен начин за сместување и патување што треба да биде на вашиот радар во наредната 2019 година
Ocean House во Хаида Гваи, Канада
Ocean House се наоѓа во затскриениот залив на западниот брег на Хаида Гваи и претставува уникатен пловечки хотел кој ја надополнува природната убавина што може да се доживее на „островот на народот”. Има само 12 соби во оваа подвижна „нескротена“ палата и таа е достапна само преку воздух.
Но, не грижете се: аранжманите обично вклучуваат авионска карта од Ванкувер, пренос со хеликоптери, дневни оброци, употреба на кајаци и педалини, како и спа-третмани, а исто така и локални трансфери и пристап до културни содржини и резиденции на познати уметници.
Les Cabanes des Grands Cepages во Соржу, Франција
Овие еколошки пловечки кабини се наоѓаат во близина на градот Авињон во регионот на Прованса, во Франција. Понудата на активности во Les Cabanes des Grands Cepages вклучува: ручек, риболов, изнајмување на велосипеди, природен базен и бања. Сиве овие актвности овозможуваат уживање во спокојството на пловењето по езерцето, истовремено со романтиката на околните француски лозја.
Сплавовите на реката Квај и џунглата во Саи Јок, Тајланд
Пловењето по реката Квај, може да биде сосема удобна во вашата приватна просторија закачена на бамбусов сплав (да, има и бања во просторијата). Собите имаат отворена палуба со импровизирана лежалка и во нив се користи светлина од газиена светилка, наместо електрична енергија, повеќе и како заштита од инсекти, за вистинско искуство без мрежа.
Поставен во националниот парк Саи Јок, во хотелот им помагаат на гостите во планирање на активностите, како пешачење, планински велосипедизам и пловење со кану по реката.
Речна пловечка ложа на островот Кох Анде, Камбоџа
Замислете да излезете од вашата вила на приватна тераса која гледа кон планините Кардамон. Доживејте го ова искуство и уште повеќе во 4 Rivers Floating Lodge, кој се наоѓа помеѓу Бангкок и Пном Пен.
Пловечкиот хотел може да организира екскурзии до блискиот водопад и шумите од Мангрова. Но, ако не сакате да го напуштате хотелот, можете да се одморите во бањата на самото место или да пловите со мрзлив кајак по реката.
Gili Lankanfushi во Мале, Малдиви
Еден чекор подалеку од надводни бунгалови на Малдиви е да се расположите на пловечка вила на хотелот, лоцирана на приватен остров. Само 20 минути со глисер од аеродромот на Мале, Gili Lankanfushi е дефиниција за луксуз.
Од подови со стаклени панели, до подземна чоколадна пештера (ќе треба да го изберете посакуваното доживување за себе), секако можете да изберете и други авантури на Малдивите.
Други важни погодности на хотелот вклучуваат бесплатен Wi-Fi (ако не сакате да го исклучите), директен пристап до Индискиот океан, два ресторана, спа и организирани активности како што се патувања на островот и нуркање.
Taj Lake Palace во Удијапур, Индија
Taj Lake Palace веројатно е еден од најстарите пловечки хотели во светот. Изграден во 1746 година како палата за задоволство, таа била обновена како хотел во 1963 година. Со спектакуларни погледи на Градската палата и Махла Магра Хилс, на хотелотт не му недостасува луксуз.
Во него се нудат услуги на батлер, спа, сесии за астрологија, шопинг аркада и ресторан на покривот… Можете да шетате низ градините, да одите на прошетка или едноставно да уживате во панорамските погледи.
Пловечкиот хостел АркаБарка во Белград, Србија
Како прифатлива опција за пловечки хотели, проверете го лловечкиот хостел на Дунав во Србија. Со централна локација во Белград, тој се наоѓа на само неколку минути од Музејот на современа уметност и Палатата на Србија.
Предностите на хостелот се големи прозорци, приватна бања или за споделување, бесплатни велосипеди, можност за скара и бесплатен Wi-Fi. Исто така може да се организираат и тури на брод.
Хотел OFF Paris на Сена, во Париз, Франција
Ако барате друг вид на престој во Париз, тогаш резервирајте една ноќ или две во хотелот OFF Paris на Сена. Иако можеби не изгледа така со својот модерен декор, нуркачки базен и бар и ресторан на самото место, хотелот всушност е брод.
Популарен со помладите патници, хотелот нуди неделен бранч и тематски забави. Хотелот е закотвен во близина на метро-станица Аустерлиц помеѓу левиот и десниот брег на градот.
Арктичка бања во Харадс, Шведска
Гласините за Арктичката бања се појавија на сајтовите, уште кога првично беа објававени плановите за отворање во 2018 година, но официјално сè уште не е познат датумот на отварање.
Се наоѓа во вистинска изолација на реката Луле во северна Шведска, пловечкиот хотел ќе биде отворен во текот на целата година, нудејќи погледи на северните светла во зима и сончање во лето ма отворен базен.