Ако го помните детството по играње Crash Bandicoot или Tomb  Raider по училиште, време е да се почувствувате многу старо. Playstation 1 штотуку наполни 25 години постоење. 

Своето деби го доживеа на 3 декември 1993 година. Го означи скромниот почеток со Sony, а се разви во импресивни 100 000 уреди на првиот ден од продажбата во Јапонија. Во светот достигна продажба од 100 милиони уреди. Благодарение на иновативната идеја и лесниот начин на употреба, Playstation 1 стана дел од детството на многумина. Денес, после 25 години со нетрпение ја очекуваме 5-та верзија на омилениот гејмерски уред. Нејзината премиера ќе се случи кон крајот на 2020 година, а од Sony најавуваат неверојатно доживување и развиена технологија.