Пламенофрлачот

Можеби звучи како теленовела, братот на кралот на дрогата тврди дека владетелот на Tesla ја украл неговата идеја за пламенофрлачот. 

Кон крајот на јануари минатата година, бизнисменот и иноватор Илон Маск на светот му го претстави својот најнов изум. The Boring Company e компанијата која го произведе оружјето кое фрла оган, и за кое Маск се пошегува дека ќе биде оружје против зомби апокалипсата. Освен за да доведе малку живот и возбуда на некоја забава, реално и нема некоја сериозно корисна намена.

Пламенофрлачот на Boring Company
Пламенофрлачот на Boring Company

Но, тоа не го спречува братот на починатиот наркокрал Пабло Ескобар, Роберто да тврди дека токму оваа идеја, Маск ја украл од него, кога во 2017 неговите инжењери го посетиле имотот на Ескобар. 

Во електронска порака за Telegraph, Ескобар изјави дека ќе бара оштета од 100 милиони долари во САД и ќе даде сè во своја моќ Маск да го изгуби своето мнозинство во Tesla.

Пламенофрлачот на Роберто Ескобар

The Boring Company веќе не го прозиведува оружјето на Маск. На аукциските сајтови тоа се продава по цена од 1.200 долари, додека она на Роберто Ескобар има цена од 249 долари.