Македонската винарница Тиквеш на македонскиот пазар од март 2019 година го носи познатото пиво БИП (BIP) како и пијалакот Квас.
„Ова е природен чекор кој го преземавме имајќи предвид дека станува збор за наша сестринска компанија која е во Србија и оперира веќе 2 години. Преку воведување на пивото како комплементарен производ во портфолиото на „Тиквеш“ имаме намера да ги задоволиме барањата на консументите. Изградивме квалитет, знаеме што е прифатливо, а што не за потрошувачите на овие простори. Преку нашата продажна сила како и одличните релации со ХоРеКа партнерите ќе нудиме “one-stop-shop” сервис.”, изјави Радош Вукиќевиќ, генерален директор на Тиквеш.
„Стратешките планови за здружување на сродните сегменти од регионалната индустрија за пијалаци – сегментот на вино каде лидер е „Тиквеш“, сегментот на пиво со БИП и останати регионални играчи од оваа индустрија беа најавувани од страна на претседателот на УО на ВВ „Тиквеш“, г-дин Светозар Јаневски и сега ги реализираме. Со овој чекор, преку производство на врвен производ како на вино така и на пиво, „Тиквеш“ ќе ја засили својата позиција како лидер во индустријата во регионот.” вели Вукиќевиќ.
Исклучително популарниот пијалок Руски квас, вклопувајќи се во трендот на популарноста на пробиотските пијалаци е дополнителна иновација на нашиот пазар, каде консументите за првпат ќе можат да пробаат квас со вкус на лимон и црна рибизла кој е 100% природен сок направен од житарици.