Компанијата Pininfarina која е дел од италијанската историја е основана на 22-ри мај 1930 година пд страна на Батиста „Пинин“ Фарина како анонимна компанија за каросерија Pinin Farina. Денес компанијата која прославува 90 години покрај делувањето во светот на автомобилизмот и индустрискиот дизајн, се прошири и во други области, но се уште го задржува својот идентитет.

Естетика, елеганција, стил е потписот на Pininfarina кој ги има едни од најиконските модели во историјата на авотмобилизмот. Како еден од историските моменти во компанијата, извршниот директор Силвио Ангори го истакнува моментот кога Батиста „Пинин“ Фарина ги дизајнирал вратите за Florida II во педесеттите години со неконвенционален начин на отварање, тој го осмислил начинот за полесно влегување во автомобилите, со Sigma Grand Prix тој целел кон безбедноста на возачите додека во 2000-тите години со Sintesi моделот компанијата го замисли автомобилот на иднината.

Florida
Lancia Florida

Со цел да се прослави годишнината, компанијата создаде серија дизајни и соработки во првите месеци од оваа година кои ја носат Pininfarina кон нови можности во сите области на делување. Pininfarina започна стратегиско партнерство со Bosch и Benteler за да ги обезбеди автомобилските производители со нова модуларна електрична платформа. Комбинирајќи ја нивната автомобилска интеграциска експертиза, тоа им овозможува заеднички да се соочат со пазарот со комплетна понуда.

Прочитајте повеќе на avtoplus.mk

Battista
Battista luxury electric hypercar