Познатата меѓународна дизајнерска фирма Pininfarina во соработка со Motorsport Network, ја реосмисли престижната статуетка која се доделува на Autosport наградите, донесувајќи го своето препознатливо италијанско автомобилско наследство во симбол кој ја дефинира индустријата повеќе од три децении. Редизајнираните статуетки ќе бидат претставени на 38-то издание на Autosport Awards настанот кој ќе се одржи во Лондон на 19 декември.

„Навистина ни е чест што сме поканети да помогнеме во модернизацијата на така легендарен мотоспорт симбол. Со оглед на тоа дека ние сме дел од автомобилската индустрија повеќе од 90 години, нашиот дизајнерски концепт за новата статуетка ја истакнува историјата и традицијата за кои сме пасионирани, со футуристичка форма која не потсетува дека треба да продолжиме да гледаме напред. Партнерството со Motorsport Network за така важна можност е привилегија“, изјави Силвио Ангори, извршниот директор на Pininfarina.

Уникатен дизајн

За надгледувањето на освежувањето на концептот за иконскиот пехар инспириран од „Winged Victory of Samothrace“ беше задолжен Паоло Тревисан, потпретседателот на Pininfarina America. Toj и неговиот тим се обидоа да ја зголемат безвременската убавина на силуетата со крилја на трофејот. Преку префинетост на формата што подеднакво ја одразува техничката и спортската извонредност на модерниот мотоспорт и кривулестата употреба на линии кои станаа синоним за 91-годишното наследство на Pininfarina, тимот се фокусираше на репозиционирање на ангелските крилја за да го долови моќниот момент на акција, потсетувајќи на орел во позиција на напад. Елегантната нова форма ја опфаќа возбудливата прослава на движењето и брзината што го карактеризира тркачкото искуство.

Резултатот од оваа најнова соработка дополнително ја искажува уникатноста на Pininfarina која лежи во нивната способност да ги обликува најдобрите практики од различни индустрии во дизајнот, извлечени од автомобилот, производот и UX дизајнот, архитектурата и други видови на превозни средства, со цел да креира иконски дизајни.

Речиси 38 години, Autosport наградите се домаќини на најголемите тркачки таленти и најистакнатите имиња од оваа сфера, меѓу кои и Аиртон Сена, Луис Хамилтон, Себастијан Фетел, Фернандо Алонсо, Сер Стирлинг Мос, Марио Андрети, Емерсон Фитипалди, Ричард Пети, Сер Jackеки Стјуарт, Дејл Ернхард и Берни Еклстон. Елитниот гала настан е цврсто воспоставен во меѓународниот календар во мотоспортот, спојувајќи ги водечките имиња на спортот кои се собираат и ги слават победниците и шампионите во изминатата година.