Брендот Piaget го претстави Altiplano Ultimate Concept како еден вид хоролошки експеримент во 2018 година, кој конечно оживеа во ултра-елегантен часовник. Всушност ова е најтенкиот часовник на светот.
Со димензии 41mm x 2mm, ова ремек дело што го покажува времето е сместен во впечатливо куќиште направено од легура на кобалт и е дефинирано со тенка силуета како лист хартија. Дизајнирано како „тотална фузија помеѓу куќиштето и механизмот”, Piaget 900P-UC е вграден на лицето на часовникот, откривајќи го изложениот механизам под површината. Современата силуета совршено се вклопува со елеганцијата правејќи го овој часовник вистинско ремек дело.