Pharrell Williams и Pentatonic започнаа соработка поттикната од зголемените еколошки закани предизвикани од пластиката за една употреба, во создавање на прибор за јадење направен од рециклирани CD-а. Комплетот кој е познат под името OTHERWARE се состои од нож, вилушка, лажица, сламка и стапчиња за јадење.

Комплетот служи како замена за сламките и приборот за еднократна употреба, поради фактот што само Лондон фрла 2 милијарди пластични сламки секоја година, додека 40 милијарди прибори за еднократна употреба се трошат во САД на секои 12 месеци. OTHERWARE може лесно да се носи секаде поради компактниот дизајн и димензиите од 105мм, 52мм, 54мм.