Славниот музичар со млад изглед, Pharrell, влезе во козметичкиот бизнис. Иако ќе речеме дека е во мода славните личности да лансираат линии за нега на кожата, сепак оваа личност го заслужува тоа во целост. Всушност Pharrell има 47 години и дефинитивно можеме да му позавидуваме на изгледот. Со својата линија за нега на кожа тој ни ја открива тајната за неговиот изглед на модерен Доријан Греј.

Во своето бесконечно резиме Pharrell, го додава Humanrace, линија за нега на кожа која се базира на ексфолијација. Создадена во партнерство со неговиот личен дерматолог, Елена Џоунс, доктор по медицина, во оваа линија има три производи: средство за чистење од ориз во прав, пилинг од ензими од Лотус и крем за навлажнување.

Колекцијата е наменета за сите типови на кожа направена за оптимална есфолијација и хидратација. Бидејќи Pharrell се грижи и за животната средина, тој создал нежни, чисти и вегански производи, а пакувањето е направено од 50 проценти рециклирана пластика. За ефикасноста неможеме сеуште да зборуваме бидејќи продажбата на истите започнува на 25-ти Ноември.