Да се поседува вистинскиот парфем кој погодува точно во метата е подеданкво важно како да имате и најмоќен автомобил, комбинирањето на најдоброто одело со најдобрите кондури, или да го имате најсофистицираниот часовник на вашиот зглоб. Добрите мириси, односно добриот парфем може да направи да чувствувате поголема самодоверба во најважните денови, може да го поправи вашето расположение во тмурните денови, или може да направи останатите да ве запаметат преку вашата прекрасна миризба.
Парфемите имаат моќ да ја трансформираат личноста и да допрат до сечии сетила, а нема дилеми дека можат да ве направат и поатрактивен во очите на другите. Без разлика дали сте „џанки“ за колонска вода или трагач по парфеми кој е во потрага по нов омилен заштитен мирис, во прилог има листа на нови, неодоливи мириси за сите мажи.
Gucci Guilty Pour Homme Eau de Parfum
За оние кои сметаат дека се смели и посебни, новиот мирис на Gucci е идеален за вас. Gucci Guilty Pour Homme Eau de Parfum се приклучува на универзумот на Guilty кој воодушевува со своите интензивни традиционални кодови на машката убавина и мистериозниот темен карактер. Давајќи му на овој оригинал ретро шмек, новиот парфем на Gucci ја зголемува температурата со чили, свежа ружа, ноти од италијански лимун и француска лаванда. Неговата половина слатка и половина лута природа го прават неодолив нов коктел. Мазниот мат црн финиш со препознатливото лого на компанијата го прави уште попривлечен.
Givenchy Gentleman Eau de Parfum
За смел и сензуален, а сепак нежна мажествена нота, Givenchy Gentleman е еден неодолив парфем. Овој Gentleman Givenchy, со својот цветен мирис, со зачинети и зелени живописни ноти е реинтерпретација на оригиналот од 70-тите годин, прилагоден за мажите од миленијалската генерација. Мешавината на моќ и елеганција, овој парфем е младешки класичен примерок за сите мажи, особено во летните денови, со оглед на неговата долговечност.
Narciso Rodriguez For Him Bleu Noir Eau De Toilette Extrême
За остар и живописен „потпис“, овој нов мирис на Narciso Rodriguez ја разгледува машката дуалност преку сосема нова урбана и модерна рута. Со тоа, мирисот не можеше да донесе повеќе таинственост кај личноста. Дрвените ноти од кедар и ебонија заедно со мирисот од миск, заокружени со доза на мандарина и босилек, зрачат со свежина.
Burberry Mr. Burberry Eau De Toilette
Парфем од најпознатата и софистицирана британска парфимерија е нешто најкласично и најдобро што мажите можат да го добијат. Софистицираниот секси „вајб“ со арома на сладок и сочен грејпфрут и дрвени ноти е идеален и вистински избор за вистинските мажи.
Fresh Honeysuckle Eau De Parfum
Ако слаткиот буен мирис, заедно со мирисот на миск ве привлекува, тогаш ова е вашиот избор. Од богатите ноти на растението иланг-иланг, црна рибизла и праска, до јасмин и магнолија, не е претерано силен да биде наметлив, туку повеќе има нежен мирис со карактеристична арома. Различен во однос на останатите традиционални мириси на мажите, поради што е навистина специфичен.