Фосфоресенцијата, или можноста на материјалите да емитуваат светлина откако ќе бидат изложени на истата, е развиена повеќе како сериозна потреба отколку едноставна практичност, кога војниците во Втората светска војна барале часовници на кои ќе можат да го гледаат часовникот и времето при слаба осветленост. Како самосветлечки материјал, радиумската боја некогаш претставувала опција, се додека токсичниот материјал не започнал радиоактивно да ги труе работниците во фабриките.

Замените за опасната боја вклучувале тритиум и прометиум, само што со текот на времето ја губат можноста за фотолуминсенција. До 1993 еден Јапонец по име Кензо Немото го решил проблемот со тоа што го создава Luminova кој потоа беше познат како Super LumiNova откако швајцарската компанија RC Tritec AG се здоби со правата за лиценцирање за производство и дистрибуција.

Напојуван од природна и вештачка светлина, на Super LumiNova не му биле потребни радиоактивни ексцитанти за да светат, што го прави безбедна опција што од тогаш па до денес ќе биде широко користена во часовниците. Ноќната читливост продолжува да претставува голем дел од дизајнирањето на часовниците и денес, позајмувајќи не само практичност, туку и етеричен сјај на овие креации.

Во прилог ви нудиме неколку импресивни часовници кои светат во ноќта.

Panerai Luminor Marina Fibertech

часовници

За прославата на 70-годишнината по повод добивањето на патент за прозрачниот материјал наречен Luminor, Panerai објави три нуркачки часовници кои се посветени на иновацијата. Fibratech се истакнува со заложувањето на компанијата за чекори кон напредните композити. Истакнувајќи дека е 60 проценти од челикот, Fibratech ги влече своите корени од аеровселенската индустрија и има текстуриран мат сив финиш со шема која е единствена за секоја шасија. 44-милиметарскиот часовник е надграден со уште посилна и подолготрајна верзија на Super LumiNova наречена X1. Кога станува збор за подводната видливост, овој часовник дефинитивно е победникот.

Bell & Ross BR03-92 HUD Limited Edition

Инспирацијата може да се пронајде секаде, но за Bell & Ross таа обично се наоѓа во кокпитот. BR03-92 HUD специјално ја „позајмува“ од head-up екраните во борбените авиони. Исто како и самиот head-up екран во авионите, кој е стаклен панел преку кој пилотот добива важни информации без да се загрози неговата свесност за ситуацијата, така и овој часовник го добива истиот изглед со истите обележувачи за 90 степени. Сказалката за час е испечатена на ротациски диск, додека сказалките за минути и секунди се прикажани повеќе традиционално. Super LumiNova ги истакнува виталните ознаки во темница, а во внатрешноста, автоматскиот BR-CAL.302 ја овозможува оваа футуристичка визија за 40 часа резерва на енергија. Само 999 парчиња од овој авијациски часовник ќе бидат произведени.

A. Lange & Sohne Datograph Up/Down „Lumen“

Datograph без дилеми е фаворит за колекционерите, но оваа платинеста верзија ја зголемува својата пожелност за неколку нивоа благодарение на своето „светлечко шоу“. Во темница, часовникот открива голем број на осветлени материјали искористени за сказалките, датумот, индикаторот за резерва на моќност, малите мерачи и внатрешната рамка.

Franck Muller Vanguard Krypton Carbon

часовници

Наклонетоста кон драматичност на Franck Muller се протега и во DC Универзумот со Vanguard Krypton Carbon, каде што омразениот материјал и најголемиот „непријател“ на Superman зазема централно место. Како и вонземскиот (и измислен) минерал, така и овој часовник трешти со силна зелена боја наоколу. За да се достигне овој ефект, спецификациите на Super LumiNova се вметнати во матрицата од карбон за куќиштето на часовникот. Овој часовник не дава силна неонска светлина во темница, наместо тоа очекувајте благ сјај кој не отскокнува и не го оттргнува вниманието од овој часовник.

Roger Dubuis Double Flying Tourbillon Excalibur Twofold

До денес, овој часовник на Роже Дубоа беспрекорно бел часовник кој не се срами да ги покаже своите работи во внатрешноста, особено двете „летачки“ турбиони и спектакуларното движење на RD01SQ. Ноќе, овој часовник се претвора во електрично ремек-дело кое ја истакнува наклонетоста на оваа компанија за чудните часовници со мотиви на скелети. Најдобрите карактеристики на часовникот се истакнуваат во темнина преку патентирана луминисцентна боја која им помага да светат 60 проценти подолго од традиционалниот флуоросцентен материјал. Овој „третман“ продолжува и на гуменото ременче кое исто така содржи блескави ленти.