Со помалку од една година до отворањето на Expo 2020 Dubai, организаторите зад светскиот настан ги споделија првите фотографии од павилјоните каде што ќе се одржи манифестацијата. Овој настан во Обединетите Арапски Емирати требаше да се одржи оваа година, но беше одложен за 1 октомври идната година поради престојната пандемија. Новите фотографии ги илустрираат „одржливиот павилјон“ дизајниран од Grimshaw Architects, како и структурите кои се дело на Santiago Calatrava, Adrian Smith + Gordon Gill Architecture и Asif Khan.

И покрај пандемијата, напредокот на Expo 2020 Dubai продолжува со исто темпо, со повеќе од 210 милиони работни часа комплетирани досега. Работите во 2020 се фокусираа на пејзажите и снабдувањето на зградите, додека конструкцијата на преостанатите павилјони треба да заврши до крајот на годината. Дизајниран од страна на Grimshaw Architects, „одржливиот павилјон“ ќе биде работна демонстрација за ефективноста на соларната енергија и материјалната оптимизација. Сводниот покрив не само што создава сенка, туку исто така генерира енергија со големи фотоволтаични панели кои влечат енергија од сонцето.

Santiago Calatrava, Grimshaw Architects, Adrian Smith + Gordon Hill Architecture…

Имитирајќи ја формата на сокол во лет, UAE павилјонот е дизајниран до страна на Santiago Calatrava. Павилјонот ќе ја раскажува историјата на нацијата како конектирано глобално средиште и визијата на неговите лидери да креираат мирно и прогресивно општество со амбициозен план за иднината. Во меѓувреме, „Al Wasl Plaza“ е дизајниран од страна на Adrian Smith + Gordon Gill Architecture како еден од централните средишта на настанот. Оваа Plaza ќе биде покриена со засводена решетка со висина од 65 метри која е инспирирана од формата на логото на Expo 2020 Dubai и ќе делува како 360-степена површина за проекции.

Тематскиот дистрикт дизајниран од Hopkins Architects се состои од 86 перманентни згради раштркани низ три одделни „листови“, каде ќе бидат сместени 136 земји учеснички. На крајот, џиновскиот Entry Portals на Asif Khan ќе ги пречекува посетителите на настанот.

Expo 2020 Dubai ќе се одржува од 1 октомври 2021 до 31 март 2022.