Мексиканскиот гигант наменет за љубителите на текилата Patron го претстави пред јавноста најстариот еликсир од агава досега. Текилата го носи името  Extra Añejo 10 Años, а нејзината цел е да се натпреварува со висок ранг луксузни алкохолни пијалаци. 

Patrоn Extra Añejo 10 Años има интензивна и пријатна арома на ванила, суво овошје и агруми
Patrоn Extra Añejo 10 Años има интензивна и пријатна арома на ванила, суво овошје и агруми

За познавачите на шпанскиот јазик ќе биде јасно дека пијалакот е обработуван 10 години. Чуван во француски дабови буриња, во себе содржи 40% алкохол.

Процесот на обработка долг цела декада не доаѓа без данок. Поради променливата клима во Мексико, на хациендата Patron правени се тестирања на секои 6 месеци. Како резултат на тоа, околу 60% од првичната количина испарила или била апсорбирана во текот на изминатите 10 години.

Patron Extra Añejo 10 Años содржи 40% алкохол
Patron Extra Añejo 10 Años содржи 40% алкохол

Од друга страна, високите температура ја зголемиле комплексноста на вкусовите, па од компанијата велат дека иако е стара само 10 години, има профил на вкусови сличен на многу старо виски. 

Цената за овој луксуз е 349 долари за 750 милилитри, достапна исклучиво за одредена клиентела.