Патрик Демпси е најпознат како актер по улогата на неврохирургот д-р Дерек Шеферд во Grey’s Anatomy, но исто така и како љубител на трки. На дванаесет годишна возраст му била диајгностицирана дислексија за која ќе каже дека „Ми даде перспектива, мора да продолжиш да работиш. Никогаш не сум се откажал.“

Најголемиот успех го доживеа во 2002 година со филмот Sweet Home Alabama. Патрик Демпси обожава трки, а се натпреварувал во Tecate SCORE Baja 1000, 24 Hours of Le Mans и Rolex 24. Денес, тој е сопственик на Демпси Рејсинг. Но како љубител на брзите автомобили тој има интересна колекција со која може да се пофали.

1. Panoz Esperante GT Ова е еден од најретките автомобили во колекцијата на Патрик Демпси. Овој модел е рачно изработен во САД и некои компоненти, вклучувајќи го и големиот и моќен мотор V8, доаѓаат од Corvette. Автомобилот изгледа ексцентрично но со сурова моќност.

2. Mercedes-Benz SLS AMG Gullwing Возилото кое му е на располагање на актерот секој ден.

3. Jaguar XK120 Благодарение на зголемената популарност на Grey’s Anatomy, тој можеше да си го дозволи овој класичен автомобил. Интересно, овој автомобил исто така ја зголемил славата на својот производител. XK120 е врвен спортски автомобил од 50-тите години што им го отвори патот на другите класични возила.

4. 1963 Porsche 356 Автомобил кој го купил додека работел на филмот Can’t Buy Me Love во 1987 година.

5. Lotus Exige S Автомобил создаден за патека. Овој автомобил е спартанска верзија на лесната Lotus Elise, направена да го даде максимумот од 1.8 литарски supercharger.

6. Jaguar E-Type Coupe Еден од најубавите автомобили некогаш дизајнирани…Нема личност кој нема да се согласи со изјавата на Енцо Ферари, дека тоа е најубавиот автомобил кој некогаш го видел.

7. Mercedes SL Roadster Патрик Демпси вели дека отсекогаш чувствувал дека Mercedes SL Roadster е совршен автомобил за него затоа што можел да се поврзе со него. Актерот ја сака својата софистицираност и елеганција, а исто така претпочита класици пред современи модели.

8. Ferrari Daytona Според актерот еден од најлошите автомобили што некогаш ги поседувал, но сепак го сака овој автомобил. Удобноста и другите недостаоци ги компензира со голем мотор V12.

9. 1982 Porsche 911 SC Актерот е познат по тоа дека не прави големи модификации кај своите автомобили, но ова е еден од ретките кои добиле 3.6 литарски мотор за подобри перформанси.

10. Mazda RX-8 GT Патрик Демпси ја сака Mazda RX-8 GT затоа што е забавнa да се вози, а автомобилот има голема историја. Актерот достигна многу рекорди и цели возејќи го токму овој автомобил. Тој вели дека во автомобилот се чувствува навистина убаво. Почнал да ја вози на Rolex Sports Car Series и завршил на 11-тото место во шампионатот.

11. Lola B12/87 Le Mans Prototype Со прототипот Lola B12/87 Le Mans, Патрик Демпси дебитираше на Laguna Seca. Овој автомобил е доста интензивен со остро сопирање и брзо забрзување. Актерот вели дека е подинамичен од кој било друг автомобил што го возел некогаш и дека е среќен за можноста да се трка во автомобил како овој.

 

12. Ferrari F430 GT2 Ова Ferrari F430 GT2 беше комплетирано и доставено на Патрик Демпси во 2006 година. Со овој модел се тркаше на International GT во Барселона, каде се пласираше на 17-тото место. И покрај тоа што на актерот преферира Porsche, Ferarri беше тригерот за неговата страст кон трките.