Nike Air Force 1 „Python Snake“ од вчера можат да се најдат во продавниците. Она што ги прави овие патики уникатни и различни од класичните Air Force е змијската кожа од која е изработен знакот на патиките.

Исто така и на задниот дел од патиките може да се забележи дел кој е изработен од змијска кожа. Остатокот од патиката е од кожа во бела боја со што овозможува деталите на оваа патика да блеснат. Заедно со патиките треба да пристигнат и пар чорапи кои одговараат со нив.