Брендот CAVAL го најави јунското лансирање на новата колекција унисекс изработена од лушпи од јаболка, рециклирана, веган замена за традиционална кожа. Новите креации ќе бидат достапни во четири бои. Овој рециклиран материјал, или кожа создадена од лушпи од јаболка е наречен Pellemela, и е создаден како дел од движењето за намалување на влијанието врз животната средина и причината за создавање на пооддржлива мода.

Pellemela е овозможена со преработката од отпадот кој се создава при производство на сок од јаболко во регионот Тирол во Италија. Во комбинација со PU (вештачка кожа) овој отпад се користи за создавање на нов вегански материјал, алтернатива на кожа, кој е се попопуларен меѓу брендовите.

Почнувајќи од 13 јуни, патиките во четири бои ќе бидат достапни на онлајн продавницата на марката. Дополнителна боја ќе биде додадена во септември во ексклузивна соработка со париската стоковна куќа Le Bon Marché.