По првото појавување на Ref. 5968 во колекцијата Aquanaut на брендот Patek Philippe во 2018 година, ова е прво проширување на моделот со новите Ref. 5968G/001 и Ref. 5968G/010. Новите парчиња се првите што содржат куќиште од благородни метали. Што се однесува до боите Patek Philippe ги бира црно/син градиент за основата и темно син гумен ремен за едниот и зелена основа со соодветно зелен ремен. Двата часовника ја носат препознатливата Aquanaut шема со златни стрелки и арапски броеви. Двата часовници користат автоматско движење на хронографот и тоа Patek 4Hz CH 28-520 C со централна стрелка за секунди и 60-минутно под-бројчаник кој се наоѓа на позиција шест часот. Моделите од оваа колекција наменета за мажи има куќиште од 42 милиметри, додека цената се движи околу 70.000 американски долари.