Постои само еден Patek Philippe Grandmaster Chime Ref. 6300A во светот и чини рекордни 31 милиони долари. 

Екстра луксузниот рачен часовник беше продаден на  Only Watch добротворната аукција која се одржа во Женева, каде се продаваат часовници на луксузни брендови како Rolex, Hublot и секако, Patek Philippe. 

Patek Philippe Grandmaster Chime

Patek Philippe Grandmaster Chime го сруши досегашниот рекорд на Rolex Daytona од скоро 18 милиони долари и достигна цена од 31 милиони долари. Часовникот беше создаден исклучиво за потребите на аукцијата во само еден таков примерок. Сепак, изгледа повеќе станува збор за примерок кој би требало да биде сместен во музеј или да се третира како парче уметност, а не моден додадок кој некој би го носел.