Patek Philippe е познат по своите часовници со не’рѓосувачки челик, а најновата креација на брендот, часовникот Calatrava, е најновиот додаток во семејството на луксузни часовници на швајцарскиот производител, воедно и прва креација за 2020 година. Лансирањето на овој часовник се поклопува и со отворањето на новата зграда на Patek Philippe во Женева, Швајцарија.

Целосно новиот Patek Philippe Ref. 6007A-001 Calatrava веднаш се издвојува поради своето куќиште и широкиот заоблен и испакнат безел, кој е направен од полиран не’рѓосувачки челик. Ова е парче на редок материјал во колекцијата на Patek Philippe кој е мошне баран од страна на страствените љубители, но и врвните познавачи.

Куќиштето е со големина од 40 милиметри, а дебелината изнесува само 9,07 милиметри, што го прави идеален за носење на дневна основа. Синото лице на часовникот исто така се карактеризира со помал централен круг со карбонска структура, со што се добива уникатна естетика што веројатно нема да ја најдете на друго место. Во срцето на овој часовник се наоѓа калибарот 324 SC на компанијата, додека задната страна на часовникот е украсена со сафир и кристали на кој се наоѓа и симболот на Calatrava заедно со натписот „New Manifacture 2019“.

Римските нумерички индекси го заземаат обемот на лицето од часовникот, обложени со SuperLuminova за подобра читливост во темно опкружување. На 3 часот, се наоѓа прозорчето за ден и датум, а Patek Philippe ќе произведе само 1.000 парчиња од овој Calatrava часовник.

Piatek Phillipe

Конструкцијата на најновиот производствен погон на Patek Philippe започна во 2015 година и се состои од 10 ката вкупно, од кои шест се над земја, а четири под земја. Оваа нова главна зграда на швајцарскиот производител ќе го вдоми целиот процес на производство на часовници, почнувајќи од основната механика до склопувањето како и естетскиот финиш.