Треба да се има предвид дека работите кои постоеја во 1985 година, како што е автомобилскиот телефон, личниот пејџер и оригиналниот Macintosh, денеска припаѓаат во музеј. Но, од друга страна, Pasha de Cartier е толку добро дизајниран што новиот има само неколку разлики во однос на стариот. Сепак, Cartier знае нешто за безвременоста, концепт кој патува долго низ нивната традиција и кај останатите часовници кои го заслужија називот „нов класик“, како Cle, Drive и Santos.

Една од најкарактеристичните одлики на секој Cartier часовник е неговата неконвенционална форма, па кога Pasha беше лансиран во 1985 година, тој претставуваше инстант хит во морето на луксузни часовници.

За целата работа бил задолжен познатиот Гералд Гента, кој отиде спротивно на естетиката на Cartier користејќи арапски бројки во Art Deco стил наместо вообичаените римски бројки. Тој стави и кабошон на протекторот на навојот, постави две целосно различни форми и останатото е веќе историја.

Именуван по пашата на Маракеш, чија љубов за финото часовничарство го направи редовен клиент на Луј Картие. Екстровертниот дизајн на часовникот беше показател за хедонистичките времиња. Исто како и другите часовници на Cartier, така и Pasha мина низ варијација на реинкарнации, почнувајќи од спортскиот Pasha C во 1995 кој стана првиот часовник во линијата кој доби челик во својата конструкција, па се до Pasha 32 од 1998 година кој беше реинтерпретација наменета за дамите.

Сепак, сите тие треба да се заблагодарат на верзијата од 1943 година. Најнеобичниот од сите нив се одликуваше со заштитна златна решетка над кристалот. Моќните линии и елегантното кружно куќиште, заедно со закривените арапски бројки и безгрешната прекривка на навојот ќе станат инспирација за останатите Pasha часовници, дури и 40 години подоцна.

Модерен класик

Многу работи паѓаат во очи кога ќе погледнете некој Pasha de Cartier, нов или стар. Коцкастите инструменти во средината од лицето на часовникот заедно со арапските бројки на секоја од страните нудат елегантна симетрија која полека го привлекува погледот кој намотната, која дефинитивно е највпечатливиот дел од часовникот.

Приврзан со мало ланче за куќиштето, прекривката на навојот се отвара за да се стигне до самиот навој кој исто така има син сафир на врвот, со цел да се нагласи скапоценост и ергономијата на часовникот. За дополнителен личен допир, новиот Pasha часовник ќе добие мал простор веднаш под круната на кој ќе можете да ги изгравирате вашите иницијали.

При лансирањето ќе бидат достапни две големини – 41 милиметарски часовник со показател за датум и 35 милиметарска верзија без овој додаток. Двете верзии ќе бидат достапни со конструкција од челик, а тука се и златните верзии (жолто злато за 41-милиметарскиот и розево злато за 35-милиметарскиот часовник.

Иако генетски мошне сличен на оној од 1985, новиот Pasha не доаѓа без модерни додатоци. Тука е Quick Swtich системот кој значи дека можете да ги менувате ременчињата со леснотија. Кај челичните ременчиња, достапноста исто така е поедноставена со SmartLink системот, кој овозможува прилагодувања на брезлетната без дополнителни алатки.

Pasha de Cartier

За функционирање на часовникот е задолжен Cartier calibre 1847MC. Технички понапреден од своите претходници, механизмот на компанијата има резерва од 40 часа и е отпорен на магнети и вода до 100 метри.

Дури и со своите чудни карактеристики, Pasha de Cartier останува вистински скапоцен камен во светот на часовниците, како поради способноста за интригантност, така и за посветеноста да има уникатна идентитетска естетика.